ѝ (зам.) - послужи (гл.)

Но, штом го имаше во раце, сметаше дека можеби содржината во него ќе ѝ послужи да има адут повеќе против "натрапникот", кој ѝ ја украде љубовта на Томо.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Исто така, ако не сакаме никакви реформи, можеме да ѝ послужиме и за напред.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Дали да се сака ближниот и колку? И колкава треба да е блискоста со оној Кој не може да ѝ послужи на корисноста?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Во оваа своја политика Велика Британија изградила стратегија со која настојувала да ги искористи движењата на отпорот и народноослободителните движења во Европа за да ѝ послужат како трансмисија за повторно воспоставување на предвоените режими во окупираните земји.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Францускиот јазик можеби ќе ѝ послужи побргу да излезе од овој маѓепсан балкански лавиринт на разлики!” – дополнила Клементина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во оваа своја политика Велика Британија изградила стратегија преку која движењата на отпорот требало да ѝ послужат како трансмисија за повторно воспоставување на предвоените режими во окупираните земји.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Сакаме ли уште еднаш да не ѝ послужиме на Турција и пак да не ги направиме криви другите за нашите грешки?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)