ѝ (зам.) - порача (гл.)

- - - Не седнуваш, велам, на софра - продолжуваше баба, како да не слушна што ѝ порача дедо.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
На излегување ѝ порачав на девојката, да ѝ каже на жена ми дека имам работа во провинцијата и дека ќе се задржам таму неколку дена...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Коприна за фустаните татко ѝ ѝ порачува од Солун.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Со своето пулсирање тоа и даваше надеж - како да сакаше нешто да ѝ порача.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Претходно ѝ порача на Рада да му го донесе новиот костум кој специјално го шиеше за оваа пригода.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
С. патем ѝ порача дека треба да внимава бидејќи овој пат ги остава на нејзина грижа двајцата пијатели.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Сестро, премногу вртиш со твојот паунски тртник, затоа ти се одврзува скутникот - ѝ порача Б.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И отрчало девојчето. Сторило како што ѝ порачала мајка ѝ .
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Едно време ѝ порача на жената да им свари кафе.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)