ѝ (зам.) - подаде (гл.)

А седнете, седни, мори мустро, шо се плашиш? — и ѝ подаде столче.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Лесно се наведнува над неа, ѝ подава рака и полека ја извлекува од снегот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Го виде Долгиот како бел ангел клекнат на колена како ѝ подава раце.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Живот кој несебично го делеше со сите што ја познаваа, дури и со оние кои за првпат ќе ѝ подадеа рака.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Добро вечер, - рече тој и ѝ подаде рака на Вера.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Штом ќе ја сетеа по кроткоста и тишината која пред неа одеше, ќе ја оставеа работата дуќанџиите, пиљарите и касапите, коларите и браварите, ќе брцнеа по џеповите и ќе ѝ подадеа некоја паричка како за среќа, како камче против чинка, како прав против урокливи очи и баксузлии жени.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Кога една квечерина таа наближила до прозорчето од собата на Кијмет, за да ѝ подаде нешто за јадење, од собата слушнала блага, милозвучна песна, со убави зборови на турски јазик.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ги наполни чашите и ѝ подаде една на Рози.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
„Здраво“, ѝ се насмевна и ѝ подаде рака. Таа млако му ја подаде својата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Дури и ведна со главата до под гранката како да ќе ѝ подаде рака да ја поткрене.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Ќе дојде, ќе дојде, сигурно сум ги помешала деновите, вели бабата и ѝ подава згужвано ливче.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Лиле ѝ подаде мала патна торба на Марија.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Влегоа во зградата на аеродромот. Хелвиг ѝ подаде плико со пари. Марија не сакаше да го земе.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
- Здраво - ѝ подаде рака на Лиле, со извесно колебање во гласот.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Еден полуселски облечен ѕидар со капки вар по лицето ѝ подаде неколку дваесетпетпариња.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Македонката ѝ подаде еден лист на Пелагија со имињата на децата и потпишувајќи го таа забележа дека имињата на децата се на грчки, само не направи никаков инцидент.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Пела, стискајќи се во фустанот на бабата Перса, ништо не можеше да разбере од гласовите што се слушаа од секоја уста, ама затоа пак нејзините итри сини очиња ја видоа широката тепсија како плива врз главите на новодојдените полна дури со врв и покриена со некоја бела убава басма што некој , подоцна, ја нарече, свила, и таа тепсија сама од себе како да лебдеше врз главите и откако влезе заедно со тоа купче тела во дневната така набрзо излезе од таму и како да јурна во спалната и кога таа успеа да се провлече низ тие разлетени фустани и машки костуми, ја здогледа во празното врз широкиот кревет и во тој миг од страната на балконот како здрвена стои тетка Деспина, а една друга тетка, тркалезна во лицето со светилки во ситните очиња нешто ѝ зборува и ѝ подава шејови што ги вади од тепсијата и ги реди на нејзината десна рака.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
- Ги поканив и Богевци на кафе, - ѝ подаде стол на Маре; па откако седна, ја праша: - Како спиеше?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
За да ја испревари во прашањето, Грдан ја извлече рака од зад грб и ѝ подаде нешто завиткано во украсна хартија.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тоа момче од нејзините спомени кое ја гали со јаболко, кое ѝ шепоти бајка, кое ѝ подава нож, е брат ѝ Зигмунд.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таму најде три спомени: во времето кога за неа многу нешта на светот сѐ уште немаа име, едно момче ѝ подаде остар предмет и рече: „Нож“; во времето кога сѐ уште веруваше во бајките, еден глас ѝ шепотеше за птицата која со клунот си ги раскинува градите и од нив си го откорнува срцето; во времето кога допирите ѝ кажуваа повеќе од зборовите, една рака се приближи до нејзиното лице и со јаболко го погали нејзиниот образ.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Пристапи Сузе од одделението за учителката Мица и на писателката ѝ подаде саксија расцутени егзотични љубичици.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Милчо ѝ излупи и ѝ подаде едно парче.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
На одморот, ја сретна Ирина во дворот. Ирина ја гушна што оздравела, што е добро и ѝ подаде цигара за да запали.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Мајка бргу се освести. Татко ѝ подаде чаша со вода.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)