ѝ (зам.) - поверува (гл.)

66. Бератите за владици се дадоа и ние заслепените Македонци ѝ поверувавме на Бугарија оти таа со нејзината „самостојна“ политика ништо друго не прави, туку одржува политички победи и нѐ облагодетелствува нас Македонците. – Арно ни ги замачкаа очите. – Но не поминаа ни 5-6 години кога се отрезнаа Бугарите од своето занесување во „самостојната“ политика.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Јас упорствував: - Можам ли да го видам?... - Го скинав... Не ѝ поверував...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Зошто сѐ уште не можам сосема да ѝ поверувам?
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Лажга – си повторував – лажга! Никогаш веќе не ѝ го споменав прстенот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Како да се создадени еден за друг, материјалот и прстенот! – ме убедуваше, божем воодушевена, ама не ѝ поверував ниту збор.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А кажи: како да ѝ поверувам на нечија вистина што ќе се здобие насилно?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Знаете и самите дека никој умен не се откажува толку лесно од својата љубов. А вие сигурно ја сакате Јана”.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Кој може да ѝ поверува на вашата широкоградост?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Никој не ѝ поверува на пророчките зборови, освен што Гого по секоја игра се враќаше со раскрвавени колена.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Но тие, жените, кучињата, што лајно беа, како да ѝ поверуваа, сенките се згуснаа во облак кацнат на земја, облак што потоа почна да се развласува и да се растргнува.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
А велат, кој ќе ѝ поверува на жена му на Комесарот најмилото му се нафрлува уште истиот час со струпки“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ја карам, ја советувам, а потоа си велам: Зошто сум ѝ толку озабена?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)