ѝ (зам.) - пее (гл.)

Тогаш јато птици од неговиот род се собираат покрај затвореното пиле и дури колве тоа од отровот - јатото запејува како хор од древната македонска епоха.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Птиците не ѝ пеат на смртта туку на својата слобода и достоинството, и на честа на своите предци им пеат кои ги научиле на оваа горда песна и на сознанието дека во животот само смртта се мери со честа.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Секоја вечер ја полевав со вода и ѝ пеев за да биде листеста и зелена, како божем ми е некое милениче.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Ѝ пееме на раката што те прелажа крај ливадите и те доведе тука времето чирак да ти биде на ликот твој да му служи и да се подучува за тајните и тајни патишта на убавината.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
— Тоа што ѝ пееше овдека. 3.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Таа ми раскажува, а јас запишувам: намуртено збрчкано чело значи дека сонувала песочна бура што затрупува нечија колиба; изговарање на моето име значи дека сонувала пожар во сончогледово поле; помрднување на левото крајче од усните во вид на блага насмевка значи дека сонувала глутница волци што ѝ пее приспивна песна...
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Двајца што немало повеќе да ѝ пеат на слободата; Дванаесет што немало повеќе да пукаат во неа.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
ВГ: Како ќе го изведат тоа на филм? Нема Неуроромансер, втор дел.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
ТЛ: Една од прекрасните работи во Неуроромансер е тоа прекрасно другарство меѓу Моли и Кејс. Тој ѝ пее додека таа си ги трие брадавиците а таа му зборува и му раскажува.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
ТЛ: Кејс и Моли имаат деца? ВГ: Син на Неуроромансер.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)