ѝ (зам.) - олесни (гл.)

А и на Камилски кој си го носеше од поодамна својот недолечен чир. ѝ олесна и на Мајка, кога се смири куќата од секојдневните расправии на двајцата пријатели, понекогаш дури и остри, кога не успеваа да ја најдат рамнотежата на двата различни јазици, во некој збор или во некоја идеја.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
На Мајка, останата да го чуе Татко, се виде дека вистински ѝ олесна од неговите зборови.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ѝ олесна. Испушти здив, се олабавува, зачекорува до боровото стебло, навалува глава и здржано дишење наслушкува. Ништо.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Упорно, без трептеж гледа во магливата далнина и неосетливо се губи, ја совладува сон, клепките натежнуваат и некаде длабоко во главата искрат мисли на свеста: една дека мора да е будна, а друга - барем малку да дремне, само толку, колку за да ѝ олесни, да го истера сонот кошмарен и малку да закрепне, малку да спушти клепки дури да изброи до пет, само малку да дремне...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Чудесно ѝ олесна. Ѝ се избистри пред очите: Драган беше добар, многу добар...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Рада слушаше глас, длабок баритон кој би го препознала и меѓу милион. Дури тогаш ѝ олесна.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Од ловец стана плен. Немаше ниту малку простор за да се извлече. На Рада ѝ олесни во душата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Таа никогаш, ни во себе, не се пожали на Најда; тој ѝ беше добар „кога топол леб“, но не можеше да го заборави Дракчета и покрај топлина во очите на Најда Пашалески со која што тој ја гледаше, која што чинеше маката што ја имаше да ѝ олесни.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ми беше симпатичен тој нејзин гнев, иако не ми беше сеедно што таа сметала дека мојата љубов кон неа ќе ѝ олесни завршување на една партиска задача!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Нека се исплаче! Ке ѝ олесни, - рече Денко, па смирен и тој, седна крај Иринка.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
На Севда ѝ олесни.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Толку ѝ олесни што веќе не се сеќаваше дека ѝ се случило нешто.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)