ѝ (зам.) - недостасува (гл.)

Анте Поповски во „Две тишини“ ги цеди од себе токму оние капки што ѝ недостасуваат на реката да се излее, токму оние капки кои се исушиле во мислата пред да се прелеат во зборот.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Половина час возење со подземната железница; од станицата сврти лево; два километра по патот; порта на која ѝ недостасува горната попречна греда; патека низ полето; патче обраснато со трева; патека меѓу џбунови; кутнато суво дрво обраснато во мов.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Времињата се изменија, па и за нас кои сме во Јапонија, традиционалната јапонска уметност е ограничувачка бидејќи ѝ недостасува универзалност; таа нема никакви врски со глобалната современа уметност, туку е наменета и е врамена во една единствена култура.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Кога би заминале, на целата рота би ѝ недостасувале.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Знаеш, на кралица како тебе ѝ недостасува само крал.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Чувствуваше заштита која толку многу ѝ недостасуваше.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Со која беше толку блиска и од која ги дозна сите поединости околу нејзиното посвојување и растење. Ѝ недостасуваше раме за солзи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ѝ недостасуваше само паж, кој требаше да ѝ го придржува додека таа чекори.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Си мислев често, кога ќе пораснам голема нема да дозволам што било да ѝ недостасува во сите години што доаѓаат...
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Другиот ден сите тројца беа убедени дека на рипката нешто ѝ недостасува.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Љубоморен сум на актерите преку кои таа доживува некој свој свет, нешто што ѝ недостасува.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Сите други се прекрасни пријатели, кои ја галат и негуваат мојата нежна душа на која ѝ недостасува љубовта и вистинската енергетска исполнетост.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Пресметаната наивност на ова оспорување, којашто животот на уметноста го остава ако не неиспитан, тогаш барем испитан на најповршен начин, без оглед на природата на информацијата што се посредува, автоматски ја оправдува уметноста за која информира, бидејќи ѝ недостасува идеолошка самосвест... okno.mk | Margina #17-18 [1995] 5
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Којзнае, во целото ова време, колку ѝ недостасувал контактот со домашните.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Но, при оценката што ѝ недостасува на оваа млада, недоразвиена демократија, обично одговорите се концентрираат на незадоволителното досие во поглед на остварувањето на личните и политичките права.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Сиот живот чувствував како нечиј поглед да го поништува моето постоење, и истовремено, барав некое суштество кое ќе ја залечи таа скршеност на моето Јас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Така мојата мајка со поглед, со збор, со гест отцепуваше парче од мене, парче кое постојано ќе ми недостасува, парче кое постојано ќе го барам; целиот свој живот чувствував како ми недостига нешто, онака како што на Милоска Венера ѝ недостасуваат рацете; мене не ми недостасуваше нешто во мојата појавност, туку нешто внатре во мене, како да ми недостигаа рацете на мојата душа, и тоа отсуство, тој недостаток, тоа чувство на празнина, ме правеше беспомошна.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тој одговор е избрзан бидејќи иако на таа стварност ѝ недостасува густина, можеме да бидеме сигурни дека во иднина техниката ќе биде способна точкастите елементи да ги прикаже токму со онаа густина што нештата ја имаат во нам дадениот свет.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Белината изгледа како избледеност на физичкиот украс, неутралност која можеби поради тоа ги добива сите егзотични својства на Зборот, но на која, во суштина, секогаш ќе ѝ недостасува езотеричната и ритуалната моќ на вештачкото.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Всушност, Кејџ не го порекнува постоењето на значењето, односно смислениот говор (навистина, во овие дела тој сака пред се да ги истакне оние негови потиснати, запоставени видови), но на неговата визуелна поезија и покрај тоа ѝ недостасуваат конкретноста и полноста на кинеското писмо, или музикалноста и поетичноста на говорот, на пример на Гертруда Штајн или Боб Вилсон.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Сакам да покажам дека и во оваа куќа е негуван добриот вкус и не ѝ недостасува нужната внимателност и респект.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Знаеш, можеби тоа е смешно, но отсекогаш сум сакала да се знае дека луѓето не ѓи прави луѓе само нивното богатство, туку и човечноста, секако ако ја имаат, а и внимателното однесување.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- Господи, ние жените, ние жените! (Но наеднаш сфати дека ѝ недостасува вистинскиот збор што нуди објаснување).
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)