ѝ (зам.) - наштети (гл.)

Ете, си реков, некој сака да ѝ наштети на мојата четиригодишна сериозна љубовна врска, преку симболот на скинатото синџирче, ама што е пак сега симболиката на memory stick-от?
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Истовремено конгресменот остро зборувал и против Луис Адамиќ, сметајќи дека тој е крив што американската јавност погрешно е известена за Михаиловиќ. 116 Кон крајот на септември 1943 година владата на Божидар Пуриќ од Лондон се пресели во Каиро, а го напушти на 9 март 1944 година. 118 Ла Гвардија во американската јавност беше познат како политичар со напредни идеи, на кој социјалистичките и комунистичките идеи не му беа непознати.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Дефиницијата од речникот е речиси иста но ниедна од овие дефиниции не ни го понудува она за што зборуваат клиентите; т.е., клиентите велат дека на разголување ги гони некаква присила: неможност да се одолее на импулс, нагон, или искушение да се изведе некоја акција која ќе ѝ наштети на индивидуата или на другите.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Не можејќи со ништо да ѝ наштети на својата непожелна снаа, таа секојдневно ѝ ги крадеше продуктите од замрзнувачот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сексуална девијација во која главното сексуално задоволство и уживање произлегува од изложувањето на гениталиите пред личност од спротивниот пол. (ICD-9-CM)
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тој, на 13 март 1944 година, го известил Пуриќ дека конгресменот Безби зборувал во Конгресот на САД, предупредувајќи ги членовите на ова претставничко тело дека е важно американскиот народ и Владата да слушнат кој е Михаиловиќ пред да се донесе одлуката во Лондон што „може фатално да ѝ наштети на неговата извонредна работа, која од почетокот им користи на сојузниците“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)