ѝ (зам.) - истече (гл.)

Но стрина Спасија уште погласно пиштеше и си ја корнеше косата, зашто од очите на Руса ѝ течеа солзи право прудолу по секотините и право прудолу со секотините се чинеше ќе ѝ истечат и очите со боја на модар јоргован и големи колку филџани, толку што беше огрубена.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во таквите утра, во таквите чувства, таа понекогаш помислуваше дека животот како песок ѝ истекува низ прстите.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)