ѝ (зам.) - испрати (гл.)

Загинал „незнамитисот“ во туѓа земја, а нејзе ѝ испратиле писмо со печат и царски знак...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Не доаѓаше предвид ни да ѝ испрати писмо по пошта.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Велгоштанецот е уште побетер, жена му три месеци како лежи на легало и тој не стигнува да ѝ испрати ни за еќим, ни за иљач...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ја здогледа од далеку и ѝ испрати бакнеж.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кога оцени дека работите созреваат за акција, а тоа беше средината на март, Шефот ѝ испрати анонимна “интернет мува” на Ема со мал сегмент од видеоснимката кој сведочеше за автентичноста на материјалот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Кога се разболе од задоцнета сипаница, Иван по пошта ѝ испрати сѐ што потсеќаше на неа - и писма и слики.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Димитар веднаш почна да договара термини за снимање на радио документарецот и да ѝ испраќа заводнички насмевки на Бојана.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Дури тогаш станав; погледнав кон кругот и видов дека и Ина гледа со љубопитство кон нас двајцата, проценувајќи кој од нас е Јан Лудвик, лудакот без мерка; за да се декларирам, ѝ испратив еден бакнеж од устата со рака во воздухот; таа се закикоте, ми возврати на ист начин, возврати и сестра ѝ, и јас и Земанек излеговме од шаторот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но затоа, штом се врати од болницата, на четвртиот ден, ѝ испратив песна.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
На крајот ѝ испраќа искрени поздрави и ја моли да му испрати своја фотографија.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Тој ќе мора да ѝ испраќа пари!
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Пред да ѝ го напишам мојот одговор ѝ испратив неколку осврти од париската критика, со потцртани пасажи, според мене најзначајни, со неколку мои коментари.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Таа бараше од своите од Цариград да ѝ испраќаат кни­ги, други писанија, како подобро да се обработува зем­јата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)