ѝ (зам.) - избега (гл.)

Не влезе, како по обичај, во својата библиотека, но и ова не ѝ избега на Мајка од вниманието.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Пред огледалото повеќе не застанува: се плаши да се сретне со сопственото лице, со сопствените очи; се плаши да ги види наглите промени на ликот кои му ја навираат помислата: ѝ избега ли навистина на смртта или не?
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Гледајќи му ја загриженоста, двојникот од огледалото понекогаш го храбри: најважно е што ѝ избега на смртта, што се спаси, а другото лесно се поднесува: и самотијата, и празнотијата во себе, и болот од спомените, и маката сам да се периш и готвиш, сам да ја одржуваш куќата и градината...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Така и Богдан, кога помисли дека со доаѓање ваму, ѝ избега на болеста, се опушти.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
За да ѝ избегам на бучливоста и на задоцнетата горештина во тој град на Егеј, и јас и сѐ што живееше или беше дојдено во него под вршник на септемвриски ден, влегов во старинарница во која, слични на живи кукли стари Американки во невозможни шарени ткаенини(„пура лана“ што би рекле ситните венецијански трговци но од чиста синтетика) на кои им изгледав занимлив за разговори или достатно сериозен за совет во купувањето на триптохон од оревово дрво со Богородица насреде, попусто, навистина попусто ја вртеа кон мене иконата,
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Девојчето е ничкум и со посегната рака кон куклата што ѝ избегала.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе ја удрам меѓу рогови и ќе ѝ избегаат очите од главата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сега веќе не можеше да ѝ избега на болката, што почна уште одамна да му се загнездува во неговите зглобови.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Собран во таа малкукрвна преклонетост, со притивнат здив, а за сето време се мачеше да се отскубне од една мисла, што го прогонеше, како секој поразен, и ниеднаш не беше во состојба да ѝ избега нејзе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Окото на месечината како да го позлатуваше неговиот ветропирест танец, а Змејко не можеше да ѝ избега на потсмешката над таа безмисленост, што му заигра во очите.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Девијантниот секс можел да ѝ избега на патологијата преку нормативниот родов идентитет и родовиот стил: ниту конвенционално женствената жена која си дозволувала да ја задоволува некоја машкуданка ниту ороспиецот што се идентификувал како стрејт, а кој играл мажествена улога кога им се проституирал на обратни, женствени мажи, не подлежеле редовно на постојан лекарски надзор сѐ додека не поминал добар дел од дваесеттиот век.48
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Дури ни коренот во длабочина не ќе ѝ избега на кобата. Сеедно, доаѓала пролетта.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пред Арсо Арнаутче се отворала со омајност златна и сина и сочна синоличка, и тој, од името на својата машкост што му била дадена од господа, можел само да се наведне под пролетна месечина и со жед на пустински камилар да срка пелур, потоа пијан од цветно вино да се закопа со чело во треви и да ѝ ги шепоти на земјата тајните на љубовта; во тој миг можел да биде уверен дека од земјата ќе шурне сребрена вода со чии капки светот ќе си ги излекува и очите и срцата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ќе ја разбуди во мовот притаеноста на огнот; доживувајќи го својот златен сон, искрата ќе вивне од себе самата и ќе ја плисне шумата со пламен.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тогаш можел да се заколне дека никогаш веќе не ќе ѝ избега на топлината што го носела кон храмови на нечуени воздишки и непочувствувани допири.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Бабата Петра уште ја кроти својата крупна снага под покровот, ги топли внучињата со себе, ама сонот ѝ избега уште кога вресна Милка. Којзнае дали беше сон.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
По кратко молчење во кое никој не ми понуди објаснување, прашав зошто Кристина ја избркала мачката; да не е некој алергичен на мачки или нешто слично.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- А-ха, - тетка ми кимна со главата и забележувајќи една трошка што по грешка останала на масата, се концентрира на неа со погледот и потоа внимателно, како да е мравка и како да ќе ѝ избега, ја приклешти меѓу палецот и показалецот и откако стана, ја фрли во кантата за ѓубре под мијалникот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Татко, колку и да ја отклонуваше својата мисла од Игоровата, кога говореше за Беломорскиот канал, со нетрпение ги очекуваше новите аргументи за апсурдната градба на Сталиновата водена пирамида, свесен дека тоа ќе му послужи за да ѝ избега на историјата, кога сталинизмот на Балканот се вестеше од сите страни и го бараше патот кон новите жртви.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
И самата не знаеше како ѝ избегаа од устата тие пакосни зборови што беа толку блиску до клетва и прокоба.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Долго и мачно ѝ врвеше времето на Ѓувезија Дубровска.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)