ѝ (зам.) - земе (гл.)

Не ѝ зедовте слика, сакаше да праша и не праша, не сакаше да се сретне со зажарениот поглед на богословот. Тогаш...
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Од радост што синовите ѝ зеле плата, излегле на пат, се осамостоиле, се спасиле, испече дури и тикуш и петаник, правејќи го тоа за прв пат во животот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Некој таксист овде ја довлекол без да ѝ земе пари и одовде жената и детето се упатија кон Хагено, со воз, кој ќе ги носи уште полни осум часа.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Јас сакам вода и водата сака мене нашата љубов е взаемна ѝ земам ме зема.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)