ѝ (зам.) - завиди (гл.)

Старите ѝ завидуваат, младите ѝ завидуваат оти и тие како неа не можат да играат и да се кршат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Што е убаво-о! - му се радуваше Милка и пак си замислуваше како сите ќе ѝ завидуваат на убавото маче.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Големата кукла не ѝ се довери на малата, за тоа колку многу ѝ завидува.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
- Што е убаво-о! - му се радуваше Милка и пак си замислуваше како сите ќе ѝ завидуваат на убавото маче.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Првиот вторник се тешеше дека може нешто во сарајот ја спречило: караница со другите анами што сигурно ѝ завидуваат, гости што дошле ненадејно од Истамбул: таа во бањата била претпладне и, брзајќи, си отишла порано.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
И така, тргнавме Саше и јас со Бак по улицата кон баба Стеве, ама решивме пред нивната куќа да скршнеме во една од споредните улички за да не нè видат дека го шетаме кучето.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Таа е од оние кои би сакале да имаат брат или сестра, а нејзините не сакаат, а јас сум од оние кои ѝ завидуваат дека е единче, освен во моментите кога сме подолго време со брат ми разделени, па ми недости, како што беше тој ден.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Сите би можеле да ѝ завидуваат.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Јас си ја скрив главата во скутот и ми дојде да ѝ завидам дека нејзе не ѝ се врати Мирче, стопанот нејзин.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)