ѝ (зам.) - заблагодари (гл.)

Автобусот каснеше десет минути. Задоволна и уморна седнав на клупата и запалив цигара. Ѝ заблагодарив на госпоѓата што ми ги причува торбите.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
На родителите кажи им дека си добил инјекција тетанус, тие знаат каква храна можеш да јадеш. Не ти е првпат.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Со почит му се поклони на пашата и му го даде прстенот. Овој со поглед ѝ заблагодари.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Ти се допаѓа, нели - се насмеа бабичката. - Земи си пак, ако сакаш. Зедов уште малку и ѝ заблагодарив.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Се поздравив и ѝ заблагодарив на докторката Горица и на сестра Мира.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Доста просто занеме и не знаеше дали да ја кара невестата Тода или да ѝ заблагодари за пријатната новина.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)