ѝ (зам.) - забележи (гл.)

Мајка ѝ едвај се согласи, но строго ѝ забележа да не оди далеку.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Освен тоа, Едо во очите ѝ забележа вознемиреност на затаен зајак пред очекуван лавеж на загар во близината.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Друго не можеа да ѝ забележат освен што не беше сплетена „прцле“ та ѝ викаа „стришко“, други ја презираа што оди со машките во училиште и ѝ викаа „машкар-камара бик Стојна“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Уф, ти тоа не си го напишала“, ѝ забележа едно момче.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Се погледнав во огледалото ѝ забележав дека, кога ќе се насмеам дупчињата на образите ми ја прават насмевката поубава.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
И траело тоа пријателство, и сѐ било добро, се помагале, се почитувале сѐ до тој ден, кога човекот не ѝ забележал на мечката дека ѝ смрди здивот.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Мајка ѝ забележа дека тоа ја сневесели Марија.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Еден ден мајка ѝ забележа миризба од тутун во подрумот и се чудеше од каде е таа.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)