ѝ (зам.) - дува (гл.)

Кога ќе се појавеше со жива отровница в раце, се собиравме околу него и се чудевме што знае тој сè: фатената змија ја држи со два прста за врат, близу до главата и ѝ дува во уста густ блик лита чурлава.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Борина во таквите случаи не се клава да не светни куќата и да ги види некој од баџата, оти за дупките Митра се погрижи та одамна ги затна со крпи: „да не ѝ дува северот“, — им велеше на жените, кога ја прашаа што толку иззатнала.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Пролетниот ветер ѝ дува право во бледото, замислено лице...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И кутрото девојче ги подава обете раце, небаре го моли овој ветар уште еднаш да ѝ ги донесе тие зборови...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)