ѝ (зам.) - држи (гл.)

А таа кога ќе се кршне, ако така дебеличка, како ремен се вие, половината напред, половината назад. А Доста ѝ држи само „сенка“!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
XVII Отец Иларион сè чинеше да ја вразувами и девојката Смилјанка што се слекуваше гола; одеше почесто кај неа во келијата и ѝ држеше епитимија.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Кога ќе ѝ држеше епитимија на Смилјанка, како и на другите грешници, отец Иларион гледаше да биде одмерен во сѐ: не постапуваше ни многу љубезно, ни многу благо, за да не сфати грешниот дека гревот не е толку страшна работа, дека тој е нешто невино, игра што може да се повторува; но не постапуваше ни многу строго за да не му ја разрани и онака разранетата душа која согледувајќи го гревот, започна да пати - мачно да зацелува.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Полковникот Бонети стоеше засолнат во бршленот во дворот и гледаше кон ќелијата на Смилјанка во која влезе отец Иларион да ѝ држи епитимија.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)