ѝ (зам.) - дофрли (гл.)

Во Париз, на пример, се смета навредливо и многу просто ако загледаш некоја жена или ѝ дофрлиш некакви непријатни зборови, но на секоја од нив можеш да ѝ се приближиш ако носи со себе кученце и ако тоа го држи в рацете - можеш да го помилуваш, а пак дамата за ваквиот гест ќе те награди со насмевка...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Еднаш дури и штрокавата на разминување ѝ дофрли.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Да, но не само љубови, туку и деца. - низ насмев ѝ дофрли Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Ма ти си како ловечки пес, од прва знаеш како да не пронајдеш. - ѝ дофрли Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Никогаш не вели никогаш - ѝ дофрли Томо, - можеби со мене ќе ја имаш таа прилика да го исчекориш тој пат.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
„Не бегам од тебе туку од татко ти“, ѝ дофрлила преку рамото божемната роднина.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Ете, произлезе дека е подобро што не сум го знаела татка си, инаку ќе требаше и јас да бегам од него“, го заврши мајка ми со шега тоа спомнување на божемната роднина).
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Имам работа”, ѝ дофрли. „Вечер ќе задоцнам!“
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Всушност ми се беше присторило дека забелешката на Катерина, дека добро ја познава на Јана не ѝ беше оставила грд впечаток.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- А јас токму помислив дека истрчуваш од минатото – ѝ дофрли Јана.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
На тоа тој итро ѝ дофрли: "Само којзнае дали на добро или на лошо", рече.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)