ѝ (зам.) - вика (гл.)

Така се разделија сваќите Цвета и Петра, а вдовецот Илко веќе ги врзуваше маските на јаслите и ѝ викаше на снаа му Митра да донесе зоб да им даде.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Друго не можеа да ѝ забележат освен што не беше сплетена „прцле“ та ѝ викаа „стришко“, други ја презираа што оди со машките во училиште и ѝ викаа „машкар-камара бик Стојна“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Лажеш“, ѝ викал тој и ја боцкал со игла или со врв од нож на местото каде што стоел прстенот и каде што сега на тоа место кожичката е побела.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Тој ја стискаше цврсто за рака како што давеник стиска спасител и никако не се делеше од неа, а ако таа го оставеше за малку, тој веднаш ја бараше, ѝ викаше да ѝ го чуе гласот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Гледал дека на прстот ѝ го нема прстенот и ѝ викал: „Каде ти е прстенот?“
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
„Ама, какво боцкање, што ти е тебе...“ ѝ викаше Богдан разлутен што не го остава да спие.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
И пак се обидував да ја замислам како домаќинка во нашата куќа, како - ќе треба да се навикнувам, да ѝ викам мамо, не - не ќе можам!
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Што има на мајка ми да ѝ вика, кога јас сум таа што згреши?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А и зошто нејзе? Што не си вика малку самиот себеси?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Појди кај нив: што ми висиш мене постојано над глава!“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ако му речеа: Не е, тој ќе почнеше да ѝ вика и да ѝ зборува на смртта: „Слушаш?
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Го праша дали може да го добие рецептот, а Ѓорѓија многу вешто ја искористи оваа шанса.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Не знам како - но веројатно поради целата возбуда, замор и јадење, веднаш сум заспал и така сум заборавил на мојот ноќен план.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Навистина се изненадив од ентузијазмот на Кристина при споменувањето на едно обично маче, но уште повеќе се изненадив кога таа наместо да истрча да ја гали мачката или да ја намами да дојде кај неа, почна да ѝ вика „пис! пис!“ за да ја избрка.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Само што бабата ја пушти временската прогноза, тој стана и почна да ѝ вика, да ѝ префрла за сè што не ѝ префрлил дотогаш, а старицата толку се навреди што цел ден не му зборуваше.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Густав ѝ вика на мајка ни кога таа ми ја удира главата од масата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Густав ми покажува цртеж на гола жена која се милува меѓу нозете.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Но клисарот така ѝ вика.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Оти од порано уште чуле Дека таква била нивната борба Додека се гине да се пее И како такви уште и фала ѝ викале на песната Песна нас је одржала, њојзи хвала Ами како, ептен и за навек хвала Песната си е песна и како да свртиш Таа ич не е виновна што има секакви И уште повеќе што има никакви пејачи А никакви пејачи имаше и кога ги снема Патеките на соништата поплочени со петокраки Даже ептен никакви пејачи Кои чкрипеа како недоправени верглови И ги раскажуваа своите селански соништа Истопорени на градските плоштади Кои буричкаа во стари и туѓи соништа И кои на ангро крадеа туѓи соништа Крадеа на јаве се што ќе им дојдеше на сон Крадеа и на сон се што ќе им дојдеше на јаве Колку што крадеа и малку се џимкаа во сонот Нивната девиза не беше мирен сон и чиста совест Колку што не разбираа арно што воопшто сонуваа Ако за сон може да се есапи Само уништувањето на старите соништа со петокраки И ако за сон може да се есапи
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
В гумно ме пречекува Капинка и вика: - Мамо, мамо, вели, Здравко е болен. - Молчи, мори, ѝ викам на Капинка.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)