ѝ (зам.) - вети (гл.)

Азра неколку мига стоеше збунета во ходникот, потоа со мобилката му титна на Нигериецот Џон кој веднаш ѝ заѕвони и во разговорот ѝ вети дека брзо ќе дојде со колата за да ја префрли до Нигериското село.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Милан се сети дека на Кети ѝ вети дека ќе ги полее краставиците и пиперот, секојдневна задача која Кети повеќе сакаше лично да ја заврши, но сега таа беше кај Зоја за да ги чува внуците.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Меѓутоа, поради сиромаштија, морале да прекинат и да бараат работа; Ина почнала да работи во некоја кафеана; таму била и танчерка и келнерка; таму го запознала и момчето во кое се вљубила, а кое ѝ ветило подобра работа во еден поголем град.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Геле ѝ вети на Донка Чучуковска дека ќе најде работа и соба в град и ќе се ожени со неа.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
- Мораме, - рече, - Ѝ ветив зимата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
А, јас се подготвував за еден од оние патетични и непродуктивни брифинзи со новинарите и со лицата на функции кои мислат дека го менуваат светот и ѝ ветив дека штом завршат со интервенцијата и јас со обврската веднаш ќе дојдам да ја видам.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Ете, тој се вратил, како што ѝ ветил - таму - под пелистерските сртови...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
- Дедо ми ја зеде во скут и ѝ вети дека ќе ја носи во золошка градина.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Некој нејзин шеф во кожено палто ѝ ветил со играчка насмевка летен одмор во оградено летовалиште на високи дотации, меѓу министри, началници и политички фолери.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Го слушавме Макс како ѝ ветува заедничка постела во соба со прозорец од кој се гледа улица по која врват луѓе (толку слично а толку различно на прозорците од кои се гледаше парк по кој чекореа пациенти и доктори), ветуваше денови во кои ќе си ги учат децата да зборуваат и да се радуваат, ветуваше колку ќе бидат блиски нивните тела и пред заспивањето и во сонот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тој ѝ ветуваше сосема обични нешта, толку обични, што луѓето не ни помислуваат да си ги ветат едни на други.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И јас би ѝ ветил сè што би ми побарала, ама таа од мене не бара ништо.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
И тој е висок, седи во последната клупа.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Нешто важно се дозборува со Љупчо.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Гледам: тој потврдно ниша глава, како нешто да ѝ ветува.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Му рековме и тој ѝ вети дека наскоро ќе ја доведе. Тоа и го стори.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Кога си заминуваше мајка ти, сѐ што побара ѝ ветив.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ја молеше и не постави никакви услови, ѝ вети многу повеќе отколку што беше подготвен да исполни, но наиде на несовладлива пречка.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Меѓутоа, откако поминаа две долги години во кои се обидуваше да ја заборави, едно утро се врати во својата сиромашна соба и ја најде како спие на каучот, со круна од цветови од портокал на главата и со долг мрежест превез во бела боја врз лицето, каков што носат невестите на венчавка.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)