ѝ (зам.) - бега (гл.)

Нејзината тајна му бега под прстите. Неговото лице ѝ бега од погледот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
За среќа, тоа не се забележуваше освен што на големата ќерка не ѝ бегаа светулките што се запалуваа во нејзините ситни очиња.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Исплука и понавредливи зборови, дека не е достојна ни баба да се нарекува кога дозволува едно седмогодишно дете да ѝ бега од пред очи и знае ли таа дека Острово не за џабе го викаат Острово оти навистина е остров како оној на кој Доне бил сургун, од едната стран Е гулемта река Вардар, а од другата Во гиризут уд кој црпиме вода за пиперките и думатте, вели чиниш плитка вода, ама ако ти го покрива лицето легната исто како да си паднала во најдлабока и Аш, пркнува животот уд теп!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Најлошо беше тоа што при секое сеќавање на сонот наместо да се сеќава на подробности и да го исцели како што планираше, нејзе од сеќавањето ѝ бегаа нови детали.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Палецот ѝ бегаше во кондурата на секој чекор.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
„Пролетта е време за љубов“, ѝ поминува низ главата и неволно мислата почнува да ѝ бега во минатото.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Таа започнува да се опијанува од мирисот на чудесните бои.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)