јаска (зам.) - и (сврз.)

„А тој? Таткото?“, прашував јас и тврдоглаво настојував да го расколебам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Колку поскраја толку поарно, почнавме јас и таа да шетаме по улици.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но Даскалов не отстапуваше: „Можеш да мислиш што сакаш, но јас сум уверен дека Иван е плод на здрава љубов, за жал настаната во чудно време во кое на љубовта не и било дадено да одлучува“, ја разлагаше Даскалов упорно својата теорија.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Некако се совлада, си ја тргна дланката од устата и бапна Баба Петра си утиде кај дедо Господ, ет сега јаска и ва мојта пусистрима ги пуљме тиа децта... внучијнта на баба Петра... а б’ли има, как да нема, поуни сме су б’ли! и си ги трие нозете една со друга чиниш сака тука на килимите да им ги истресе.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Вие – ми вели – како кавалер и човек на власт би можеле да ме одведете, на пример, на театар.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)