јас (зам.) - сам (прид.)

А јас? Што ќе правам јас сам? Си мислела ли ти за тоа кога си правела така?
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Не бев јас сам што гледав на предвременоста на востанието.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Со инаетлива амбивалентност се обидувам да ги совладам сомнежите дека судбината не ги вмешала своите прсти во моите избори и одлуки и не би се случило она што се случи ако јас самата со целата присебност и свесност во моментите на рационалност го издлабував коритото по која тече реката на мојот живот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Македонците ги истераа од домовите... Војна е!... А јас сама жена..
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Та јас сам можев река од крв да пуштам да тече по Балканот, - рече тој и при тоа одеднаш му набрекна вратот, ја крена главата и јас се најдов лице в лице со лик на страотен јунак од сказните. Наши.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
4. „Внатрешното” јас самото станува еден расцеп и го губи сопствениот идентитет и интегритет.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Од чичко Сотир, и тој нема...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
И јас самата си мислам: да те задомам, додека не сум тргнала на голем пат...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Претпоставувам, сите се укотвени во своите топли домови, а јас сама.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Гонет од професионалното љубопитство и од потребата од документ, а и од мислата, искрено да кажам, дека можеби тоа ќе му се допадне на Борко, јас самиот зедов да направам топографска карта од Долнец.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
- И во тоа - ЈАС - гледав девојче, кое штом ќе ги направи првите чекори откако ќе излезе од лулка, првиот збор што го изговара, - јас сама !
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Пелагија се стаписа на местото, се стаписа од благиот глас на жената и полека, полека, со така да се рече надчовечки напори ја заврте главата и жената влезе во нејзините очи веднаш тука зад вратничката, а со неа и целата градина и куќичката со последното сонце плиснато по белината на ѕидовите, и вратничката се отвора на внатре, насмеаната жена ја влече натаму, ѝ прави пат за да влезат во градината Дојдете, златни, да си поседиме пред мојава врата, со денови, мори златна, да не речам со години, те гледам поминуваш од тука со момичево во рацете и со некоја голема болка во лицето, одамна сакав да те поканам да ми влезиш макар во градината ако не во куќата! и Пелагија нема сили да се спротивстави, таа дозволува мекиот допир на жената да ја води по патчето сѐ до поплочената ширинка пред вратата на куќарката каде што има малечка масичка и неколку столчиња без потпирачки наместени околу масичката и веќе седи на еден од нив, а на другиот до неа малечката Пела, и уште, уловува дека тетката седнува до неа без да престане да зборува Ако си калеша и со црно во срцето, ти си убава, и не знам дали има поубава од тебе, и по лицето ти се познава дека си и добра, твојата појава зрачи добрина! и во исто време претрчува внатре низ отворената врата и мислиш дека оди натаму а таа се враќа со подавалник на кои има чинивчиња со слатко и пресна вода во стаклени чаши Добро ми дојде, златна, во куќава, ајде, касни од слатково, јас самата го имам правено, онде од зад куќи, имам две дуњи, погледни, како сонцето што свети така и тоа свети, како твојата невидлива светлина, златна, како твојата невидлива добрина, златна, а тоа што свети во исто време и боли, мила, твојата невидлива болка, касни, заблажи се, ти ја знам болката, со денови, со недели, со месеци сноваш по уличкиве и бараш брлог оти онаа коруба сега е зграда, ене ја, ги надвишува сите куќи и вие морате да се иставите од таму, е, златна на тетка, не знам зошто, ама моето срце те одбра тебе, така да знаеш, те одбра тебе и оваа топка радост и оваа жолта заштита, вие да ми бидете радост на старост!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Таа и не знаеше дека јас сама научив убаво да сукам и кога ќе ја јадевме питата таа мислеше дека е од стрина ми и често велеше: Гледаш како стрина ти се научила да сука пита.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
И јас сам, така, на одење ќе пишувам букви: дали во правта на патот, дали во пепелта од огнот, на камењата кај што ќе најдам. Така учиш, со овега, со онега.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Празна куќа, а јас сама во празното.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)