јас (зам.) - будала (прид.)

Јас будалиот се јадосав дури кога забележав дека тој ги пуши моите цигари.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
А јас будалиот дури сега забележав дека чевлите не му се врзани.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Јас будалата се вратив. Друго беше тоа. Ја.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ги погледна уште еднаш и уште еднаш и туку ги ширна рацете, скоро запеа: - Златните тие на тета внучињата, а јас будалата да мислам оти е некој од ѓупците.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
А јас будалата за малку да се налутам на вас.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)