јас (зам.) - бара (гл.)

Но да се вратиме на основното: за да може барем правно да ни се одврзани рацете да можеме да работиме, јас барам да ни се даде прецизно толкување на Протоколот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Јас барам мои луѓе од Македонија, велам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сега блештава и јасно црвена боја сака да ме обземе, а јас барам засолниште во меката и чадливата жолта боја.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Книгата била најдобра другарка, рекол некој и јас барам две другарки.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Рабовите на мојата животна гуња прскаа и јас барав пат да се извлечам од тој задушен правоаголник во кој единствена знаменитост беа петте беспризорни пасторчиња на маштеата судбина и тројцата распеани студенти, од кои еден веќе се сомневаше во животот, во луѓето, во себе.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
„И јас барав насекаде, ги нема нигде“.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)