ја (зам.) - гасне (гл.)

Кармата. Солта. Кој те крми, жедта не ти ја гасне.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
После вас господине Андреевиќ. (Стево излегува. Сара оди по него. Ја гасне светилката.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
— Сега подгответе се, вели генералот и ја гасне цигарата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Чувствувајќи како дождот сѐ повеќе го натопува, се пренесе во времето кога ја погребуваа баба му Депа кога исто вака туриваше силен дожд, а тој одеше во погребната поворка фатен за раката од мајка му, дождот му плускаше по главата, по телото, му се лизгаше по кожата и му слегуваше низ нозете во опинците; погледнуваше повремено во баба му во ковчегот што го носеа луѓето на раце: и нејзиното лице дождот го миеше, се лизгаше по него како по восок и ги натопуваше цвеќињата и овошките во сандакот; лееше на попот и му ја гаснеше кадилницата со која штркаше по ковчегот и пееше за покој душа, лееше на луѓето што одеа со наведнати глави.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Околу неговото тело се препашуваше една врела обвивка и тој ја гаснеше неа со по една рака од тој пепелав снег; студенината на снегот просто го испечуваше по јазикот и по непцата, а по оној кус миг, додека тој се растопуваше, овозможувајќи ѝ некакво задоволство, во устата пак му остануваше една уште потврда корупка жед.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Негде, на крај село, не толку далеку за да не се слушне и не толку близу за да се истрча од куќата, се растревожија кокошки: тоа бездруго итра ласица со крв ја гаснеше ѕверската ожеднетост.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)