што (зам.) - одвај (прил.)

Но не може да се каже дека не ме измачуваше помислата: од каде кај девојката која што одвај ја познавав, оваа желба токму пред овој состав да ме оцрнува и понижува.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Или ваквиот впечаток го црпам од она негово заканувачко ако... ако ... што одвај може да се наслушне додека го повторува и чие што значење само тој го знае!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Досегашното наше работење, особено востанието, беше необмислена младешка работа, но тоа ни се простува, едно, зашто досега ние бевме млад народ што одвај се проникнува со своето национално самосознание, а друго, зашто досега, не живеејќи како одделна национално-религиозна единица, се наоѓавме под влијанието на разни национални и религиозни пропаганди.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)