што (зам.) - говори (гл.)

Фискултурецот запишуваше што говорам, а Луција продолжи со прашањата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Не беше од оној тип луѓе постојано што говори и очекува другите само да го слушаат, ниту пак од оној тип само што слуша, а не отвора уста ни да потпраша ни пак да одговори.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
А потаму што говореа – Мече не чу.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
5.2 Јас не знам да војувам. Јас болувам и самувам И плачам за вас ближни мои И ви велам И си велам: Доаѓа часот да се прочита бескрајноста На морето Да се состават букви од скршените линии На хоризонтот, Да се седне на островот и да се самува Под осамено дрво Што говори со древен јазик.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Потем ја позеде и ми ја даде чудната штичка што говори.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)