чијшто (зам.) - име (имн.)

Следбениците и водачите на движењата, коишто бучно бараат признавање на своите барања за идентитет, мораат да допуштат дека разликите во чиешто име се борат се толку фундаментални и битни за нивните животи како поединци што тие се спремни, во случај на потреба, да излезат за нив на улици и барикади.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Меѓу нив забележуваме сомнителни странци; еден зет, Германец, близнаци напудрани и нашминкани како кловнови-хермафродити, и чиишто имиња ги слушаме само како одек: браќата Пулен, Французи. Британскиот морал е спасен!
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Изабел, нејзиниот сопруг Бертран и тројцата синови од кои најголемиот беше момче од дванаесет години и се викаше Оливие, средниот чиешто име беше Ален имаше десет, а најмалото момче Патрик имаше пет години.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Во пустината, зајдисонцето се разлева над оскудните растенија и животни чиишто имиња не можеш да ги изговориш, а пред чиишто мириси се чувствуваш непријатно како туѓинец што го ремети мирот на нечиј дом.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Еднодневни идиоти, чиишто имиња не се никому познати, бидејќи нивната нечесност била нивен долг, и бидејќи нивното постоење се состоело во ова непосредно избувнување на нивната дрскост.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Веројатно со текот на времето, ним ќе им се придружат и други автори чиишто имиња се присутни на страниците на оваа книга.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Неговиот дедо, чиешто име го носи, има голем придонес во развојот на една машина налик на компјутер, што во Америка беше рекламирана како „Бароузовиот калкулатор”.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Тоа, секако, му беше упатено на човекот чиешто име овде не го споменувам зашто тој веднаш му одговори: "О, да", спокојно рече тој.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
На овие зборови од мојот врсник, со право оној чиешто име овде не би го споменувал, рече: „Само тоа никогаш не може да се рече.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Во зборовите на оној чиешто име овде не би го споменувал имаше некоја недвосмислена непобитност. Со тоа, разговорот беше исцрпен.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Еден од најзначајните писатели на ХХ век, со чиешто име се врзуваат модернистичкиот пресврт и експериментот на т.н. роман-на-тек-на-свеста и на внатрешниот монолог.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Познати се неговите романи Портрет на уметникот во младоста (1916), Улис (1922) и Финегановото бдеење (1939), потоа збирката раскази Даблинци (1914), поетската збирка Камерна музика (1907) и драмата Прогонети (1918).
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Оваа одломка се наоѓа помеѓу два наводи преземени од Борхес, кои се дадени - helas - во француски превод, и чиишто извор не е наведен.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тој не зборува за имагинарната иднина.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тимоти Лири РАЗГОВОР СО ВИЛИЈАМ ГИБСОН ТЛ: Кога би можел да го ставиш Неуроромансер во една реченица, како би го опишал? ВГ: Она што за мене е најважно е дека во него станува збор за сегашноста.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
За поддршка на оваа Декларација на Еволуцијата, со силна верба во заштитата на Божјата Провиденција и спокојна доверба во генерациите што доаѓаат, во чиешто име зборуваме, ние сега меѓусебно си ги доверуваме едни на други нашите животи, нашите Радости, и нашата Света чест. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 65
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Одломката од Џојс е идентификувана: потекнува од Портретот на уметникот во младост, и гласи вака: “чувството на страв од непознато го допре срцето на неговата досада, страв од симболи и знаци, страв од човекот налик на сокол чиешто име го носеше полетувајќи од своето заточеништво на крило исплетено од врба, Тот, бог на писателите, кој со трска пишуваше врз таблица и на својата тесна ибисовска глава носеше рогата месечина.”
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)