чиј (зам.) - јато (имн.)

Но отсегде стасувале секакви вести и се крстосувале по селото со злокобност на црни и диви птици зад чии јата останувале болки и сфаќања за нетрајноста на животот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Подоцна Онисифор Проказник со зачуденост ја нишал главата: во Кукулино дошла по свои тајни патишта вистината, ако тоа сепак била вистина, дека Ганка со бегање се спасила од напасници, што им ја запалиле куќата и ги потерале пред камшици врзани пред своите коњи нејзините родители со поголема група недолжни селани.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)