чиј (зам.) - судбина (имн.)

Меѓутоа почитувани другари, за сите вас од посебен интерес е европската, односно балканската јагула, за чија судбина треба да одлучи денес нашата Партија. И никој друг!
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ми паѓа на памет и примерот со Ана Каренина, за чија судбина велат дека од вашата страна споменатиот Толстој нашол инспирација во вистинскиот живот на ќерката на Пушкин.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Но, иако совршено добро знаеше да им гледа на кафе на познати и на непознати, чии судбини, желби и минато со леснотија ги читаше од филџаните, во својот никогаш не можеше да види ништо, ниту пак на некој објективен начин можеше да ги протолкува оние фигурички и форми што ќе ги видеше.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Со ранец и со извалкани патики (единствено како и сега, и тогаш долго чекавме за виза пред конзулатот на јужниот сосед, што потоа се надоместуваше со едномесечни уживанции по грчките острови).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Таа велеше дека на ова огледало ѝ се прикажувала судби­на­та, низ нејзината мајка чија судбината сакаше нејзината ќерка да не ја види жива.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Овој површен поглед врз историјата на Македонија ми се чини не само што покажува дека ние Македонците си имаме своја историја и дека сме народ чии судбини се развивале во врска со судбините на другите соседни нам народи, но и дека има во нашата историја многу самобитно и своеобразно, како што е, да речеме, самостојната Охридска архиепископија со нејзиното работење полето на народното просветување.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)