чиј (зам.) - содржина (имн.)

На чардакот, крај отворените книги, старите судски кадиски записи, сиџилите на кои им жртвува голем дел од животот, потоа книгите за балканските империи, од чии содржини црпеше докази за својата замислена Историја на Балканот низ падовите на империите, Татко сега, со Мајка, како да го прелистуваше, за прв пат, пожолтениот албум на времето на нивното задоцнето брачно, љубовно патување во Италија.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Лажно се тешев, одложувајќи го одговорот дека Мајка како и секогаш има разбирање за својот син!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се свртив кон другите писма, одложувајќи го уште еднаш, според некоја неподнослива леснотија одговорот на Мајкиното писмо, чија содржина, бргу ќе ја заборавав, а им посветував голем дел од мојот живот...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Денес, тој е средовечен човек, уредно облечен, испеглан, намирисан, понекогаш ми се жали на несоница, особено кога пишува книга чија содржина го вознемирува.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Бидејќи постоеја дванаесет ролни чија содржина не е поврзана, Ворхол употреби трик за да ја избегне елипсата: филмот истовремено е проектиран на две платна кои претставуваа две паралелни дејствија.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во Девојките од челзи значи имаме најинте­ресен инцидент, а грешките во работата со камерата овде се намерни, авторизи­ 106 Margina #15-16 [1995] | okno.mk рани; концепцијата на автоном­ната машина во овој филм е најверодо­стој­но отелотворена. честите неконтролирани зумови се потполно драматуршки неосно­вани (“очите на духот”, а не очите на раска­жувачот); и излезите од фокусот се исто така нефункционални (црно-бели ролни).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Покрај тоа се предвидува граѓаните да поднесат изјава за остварените нето приходи за да може да ги остваруваат своите права од здравствено осигурување во образец чија содржина и форма се пропишани од страна на министерот.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)