чиј (зам.) - присуство (имн.)

Ги посетуваат граѓани без чие присуство во салата не може да отпочне претставата, протокот, всушност, размената на енергијата, онаа од сцената и онаа од партерот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Секаде царува студ, чие присуство се чувствува дури и во затоплениот автомобил.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во нејзините очи има умор и болка, нејзините трепки се влажни од солзите чие присуство се чувствува насекаде иако девојката се обидува да го прикрие тоа.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Против решението за определување на рочиштето не е дозволена жалба.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Судот на рочиштето навремено ќе ги повика странките и другите лица чие присуство го смета за потребно.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Се покаја после, но тогаш праша - „Чие присуство?“ и пламна од прснатата жица на нејзиниот глас.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И тука се потврдува: трагичната еклиптика посилно сведочи одошто непосредниот говор на појавите.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Судбината на невидениот јунак чие присуство го чувствуваме во текот на целата сторија, за посетителот станува недвосмислено јасна: детето и целото негово семјество се брутално однесени од домот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Денко Самоников, за чие присуство наеднаш станав свесен, со очигледна вознемиреност се обиде да го фати погледот на Јана а таа тоа не го забележуваше; Јана по сè изгледа, беше зафатена со оценката на моето понатамошно однесување.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)