чиј (зам.) - мајка (имн.)

Чекај аго Али, Муто, Суло, чекај да видиме чиа мајка сина доила... мајчето ваше пљачкашко!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„А помеѓу растурените коски и засекогаш широко отворените очи на тие несреќници на ридот се наоѓаа и рацете, и немирните души и на моите најмили, оти смртта и не разгледува многу внимателно кој е кој и чија мајка плаче по своето чедо.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Знаев и дека нема шанси да издржам а да не откријам чија мајка преде, ткае, а чија ломоти како да голтнала нога од кокошка.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
На кои гробишта талкаш, красителу на мртвите, на кој споменик, врз кој гроб го дотеруваш мермерот и врз него името му го врежуваш со длетото и чеканот, со која тажна младеж разговараш преку студена земја, чија мајка тешиш?
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Но тие беа малку, и некако оддалечени од она на што се раѓа лебот, и никако точно не успеваа да погодат чија мајка црна волна предеше.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)