чиј (зам.) - куршум (имн.)

Загинал, ама не се знае од чиј куршум и тоа не во Езерец, туку во Сничени, соседно село кое денес е наречено Кастанофито, по тоа што има многу костени.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Па сега - одбирај, чиј куршум понеболи. Од оние отаде, или од овие овдека.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Море каков куршум, велам јас, од каде куршум, чиј куршум, велам, и тогаш, дали од стравот, окото ми преигра.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)