чиј (зам.) - корен (имн.)

Нивните движења фрлале зад нив црн синџир ѓаволски сенки што се во непрекинат напор да се исправат и да се испреплеткаат до уништување по кое на земјата ќе останат само црни и безначајни парчиња кожа на една дива и неповторлива ноќ.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Билката чии корени се во нашите претци, ќе избувне во нови таинствени цветови.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Од самиот оган како да извирала некоја мудрост на облагородување и тие како да не биле оние луѓе со раздразнето клештење на човекојадци чии корења полека гниеле и во страшните прекуморски митови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Над нив растат стари закржлавени дабови чии корени се вжилени во пукнатините на карпите.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Треперат и шумолат лисјето на младата бреза до чии корени Циљка го ископа ровот и со целата својa висина јa мери длабочината.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)