чиј (зам.) - движење (имн.)

Ѕидот е покриен со голема сенка чие движење вешто го прави точно во исто време и татко ми.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Конечно луѓе излегуваа на улица масовно или барем во поголема бројка од студентската група за социјална правда „Ленка“, чие движење го познавав.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Како да беше пред него кукла во човечки изглед за чие движење беше задолжен во моментот самиот министер.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)