чиј (зам.) - гроб (имн.)

Уште, навистина да ми прости свети Климент, јас би поверувала исто така и на заштитата од вашиот татко на чиј гроб ќе одите да побарате душевен спокој по враќањето од Албанија што не би се осмелила да ја оценам како бесмислена, но која сепак таква и била со оглед на мислите што се осмеливте таму да ги изречете.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Над тромавата свест завесата сѐ повеќе се дигаше и го разголуваше настанот со ножот, со ленената кошула, со ударот, со човекот, на чиј гроб лежеше тешка плоча на дваесетте продувани години.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И се мачи да го заборави мојот корен - старецот на чиј гроб татнеа еднаш тапани.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)