чиј (зам.) - гранка (имн.)

Страшно е да се поверува дека ќе се биде тоа: осамено стебло на чии гранки ќе разлистуваат зборови... ***
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Клупата во паркот беше сместена под сенките на една зеленика чии гранки речиси допираа до земјата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Природата содржи многу примери на фрактали, како што е папратот, карфиолот, или која било билка чии гранки и гранчиња се слични на целината.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Дури кога нозете почнаа да го болат отиде и седна на дабов триножец во калуѓерската ќелија, со занес барајќи низ пукнатината на иконата лица и настани: го виде синиот Парамон, фатен во повити на шума со голијатски стебла на чии гранки клечат мешлести човечиња со кучешки муцки, и ја виде внуката со дете на цицка, незрело девојчиште а наскоро по вторпат мајка без маж, и го виде Марко Проказник, некогаш власт во Кукулино, потоа иселеник, и ги виде своите врсници со свеќа над глава.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И таа толпа, како и мртовците, повеќе зачудена отколку исплашена, густа, исклештена, со ревење свртена кон истрелите, јурнала без сопнување и во скокови со таква ненадејност што третиот истрел ни го слушнале ни можеле да го видат - сега од нечија кола летнало само парче иверка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Стрелецот, не стасувајќи повторно да ја наполни пушката, се исправил од зад сипаничава карпа и потрчал кон недалечно дрво за чија гранка со узди бил врзан оседлан белец.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Збогум ви, црвоносници. И нема страшила, нема чудовишта.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не залипал. Веќе, ни сам не знаејќи како, се нашол под дуњата под чии гранки тоа попладне спиел свртен со лице кон куќата на Фиданка Кукникова.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
МЛАДИЧОТ: Од оној ден кога ме симнаа комитите од дрво во чии гранки ме скри мајка ми за да ме спаси од колењето.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)