чиј (зам.) - вода (имн.)

Овој град сиот е расположен во приодите кон морето, на оние места каде што било порано море, а чија вода работливите холанѓани ја повлекле кон морската шир, освојувајќи нови површини за градови, полиња и оранжерии за цвеќиња...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- Ангелија... Седеше в претрупана полутемна одаја на железен кревет и имаше златникаво зелени очи. Ѝ го подадов писмото и се наведнав над леѓенот во чија вода некаква ситна бубачка очајнички пливаше во круг.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
По извесно време дојде комисија од двајца инженери, ја прегледа куќата, го проверија земјиштето на кое лежи и констатираа дека куќата лежи на растресито земјиште, дека во нејзината близина тече река која е суводолица и во време на буици го подлокува коритото накај куќата; во дворот од куќата има бунар длабок 6 метри, чија вода е матна од пробивањето на реката или од подземните води кои тлото под куќата го прават нестабилно.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)