чиј (зам.) - близина (имн.)

Како да сум го зел врз себе непостоечкиот татков аманет да ја продолжам потрагата, да ја довршам неговата невозможна историја, која сама по себе криеше една голема, глобална метафора, која ме доближуваше до филозофските размисли на Емил Сјоран за владеењето...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Наслушнувам „смрт“ и „семе“ во иста реченица, два збора чија близина вознемирува, а што сега го гребат грлото на човекот што ме создаде.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Кај ќе одат на друго место. Отсекаде врие аскер.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И кога ги начулија сите ушите, навистина татнежите идеа откон Добро Поле, во чија близина се наоѓа Соколот, каде што нашите востаници навистина беа откриени од потерите и уште даваа сопротиви, та дури и се извлечкаа од обрачот со незнатни жртви.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ако веќе се спуштате од „Шајо“ кон Ајфеловата кула а натаму и кон Военото училиште патот води кон еден од најзнаменитите париски споменици - Домот на инавалидите, во чија близина се наоѓа и Музејот на големиот француски скулптор Роден.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во мојот живот ја наследив и јас близината на локалните раководители на јужната Народна Република Македонија, потоа на другите владетели како Тито, па подоцна во моите дипломатски години покрај Бургиба и Јасер Арафат, Франсоа Митеран, Марио Суареш, Хуан Карлос Втори II, во чија близина ќе се најдам од 1984 до 2000-та.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- Според француските научници, европската јагула при своите дамнешни патувања ја населувала исчезнатата Атлантида, во чија близина и се расплодувала.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)