тој (зам.) - нека (чест.)

Ако сака да а продава ќерка и, нека a извади на атпазар: кој џамбас ќе даде повеќе, на тој нека му а даде, a јас не су џамбас со кобили да трговуам.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Доста сака баш убаво да го види, а од друга страна си мислеше: — „Па и тој нека ме види, м'ња го м'снало!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Некој, јали бог, јали Владимир, јали некој трет може ќе го сопре Арслан бега, само тој нека попричека.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тој нека им откаже на луѓето.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Кажи му, тој нека го стори тоа, мајстор е по мене.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ако јас сум казнета од судбината да немам свои деца, си мислела таа жена, барем тој нека има свои.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Кога се изморија од тепањето, Мирна предложи: Да одиме кај некој судија, тој нека пресуди.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
„Нека најде муштерија. И тој нека заработи некој долар.“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Македонскиот роб нека не се надева на неа; тој нека се потпре на своите мишки...“
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Но, тој нека не обрнува внимание на таа пуста слабост да плетка што било а што не било.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Што е најчудно, не чувствував ни најмалку љубомора, ако си велев, сега тој нека оди, поголем е, и штом нему може да му се оствари таква голема желба, еден ден и мене ќе може. Значи, не е неизводливо.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Неговото заминување го сфатив како голема утеха за мојата лична мака – дека сите некаде во странство биле, само јас не.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Спрегнете го него, - заграка гавранот. –тој нека ве влече преку пустелијава.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Ќе ме одврзат и ќе ме напикаат во рудничка јама. Роб на Мортенија, тоа ќе сум.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
На Господ оставам, тој нека реши што е вистинското.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
БОРИС: Тој нека каже. Ти направив ли нешто, Матеј? МАТЕЈ: Не професоре.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
„Тебе не ќе ти покажам тапија што било мое и што ми е грабнато кришум од наши денгуби.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Војводите го целивале и му праќале од своите трпези дебели овновски опаши и густо вино но тој, кашлајќи тешко, изблул од уста бели парченца дроб.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Војводите пак го целивале и му рекле дека мајсторите можат веќе без него, тој нека собере сѐ што може да застане на нога, старо и младо, машко и женско, на незаштитените места на гратчето да се постават камени појаси за одбрана.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Имаме челник, тој нека ни објасни чии прсти пораснале.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Се разбира, се разбира, - одговараше насмевот меѓу румените јаболчиња – Го гледам светот, а и тој нека ме види, да знае дека јас сум единствената на која и припаѓаш.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
- Е тој нека е жив, ако е жив, велам, уште тој ми остана...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)