тој (зам.) - откако (сврз.)

Дружината Хаџи Ташкува и коњот Хаџи Ташкув, тој откако го фрлил овега, од што силно се исплашиле, му ја летнале по Пазарџиски Пат назад накај Прилеп.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тој откако го сослуша, му рече дека се работи за опсесија.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
„О, госпоѓата на нашиот Генерал дошла да нѐ посети“, вели тој откако ја забележа Трајчеица и некако загадочно се осмевнува, како да ја насетува миризбата на разговорот што до предмалку шеташе помеѓу нас двете, а потоа пријде, се поздрави; Што има ново кај вас, прашува, ну, как паживаете, как здаровје, жизн, постапува сѐ по моите упатствата, како оној зет кога требало да ги посети тестот и бабата во другото село па жената го подучила како да се однесува.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)