тој (зам.) - сосема (прил.)

Како вистински и доследен идеалист, тој сосема го укина дуализмот меѓу битието и мислењето, и на свој мистички и идеалистички начин го воспостави нивниот полн идентитет: и материјата на објективниот свет Хегел ја претвори во развоен процес на „светскиот разум“, чиишто категории вечно се движат по законите на една посебна логика.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Бидејќи, тоа му е „дадено“. А сето она што не е „дадено” до тоа тој не може да дојде. Не му дозволува биологијата во која тој сосема подивел.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Но тој сосема ја изненади кога бргу, со само еден потег, ѝ ја отпетла кошулата, се наведна, ја пикна главата внатре и почна да ја бакнува, да ја шмука и да ја гризе.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Наместо како Петар сувопарно да поучува и да критикува (ако воопшто тие две писма и ги напишал самиот!), тој сосема отворено зборуваше за себе, за својот живот, за своите заблуди, за своите сознанија.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
И најпосле тој сосема се долепи до студената коруба на стеблото.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во својата постела, во која сега почнуваше да го обраснува неусетно миризбата на сонот, тој сосема добро ја сети својата радост.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И наеднаш тој сосема добро ја виде таа своја куќичка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тој сосема реално расудувал дека „ништо не може да ја извлече“ Југославија од „руската прегратка“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Врз основа на таа реалност, во врска со состојбите во Југославија, британскиот премиер В. Черчил, во втората половина на 1945 година, зацртал дека британската политика спрема Југославија требало да се одвива во правец на нејзиното „одвојување“ од Југославија, а да се „држи цврсто“ во Грција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Еднаш после еден завиткан приговор во врска со неговото однесување тој сосема сериозно, како да цитира испуштена одредба од десетте заповести, објасни: Овде важат посебни правила.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А кога некое од децата, смеејќи се, исто како него офна, тогаш тој сосема излуде.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
- Се разбира, сигурно тоа, - ќе речеше благо, навивачки другарот Трифун Трифуноски, - се гледа, пред очи е работата, ама сепак вие, мило мое, изберете една дарба, најблиска до вашата душа, таа што како пролетно поточе ви жубори во жиличките, во цветните, мали жилички, таа што како благо ветре ви вее пред вашите убави, сјајни очички, и ајдете запрете го Трифун Трифуноски, тој сосема се забораваше, се гледаше: него исто така треска го тресеше, како тој да полагаше.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Но не можеше да се рече дека тој сосема беше луд.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тука, Татко виде зраче надеж, што го осветлуваше можниот пат на излезот, на спасот, пред тој сосема да биде затворен, најнапред за јагулите, а потем и за луѓето.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Додека Тот е отфрлена форма на значење во рамките на западната метафизика, тој сосема лесно може да биде единствена можност за значење.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Низ целата „Фармација“ Дерида го разгледува присуството на тој жртвен јарец, тој pharmaccos населен во самото ткаење на јазикот и репрезентацијата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)