тој (зам.) - одеднаш (прил.)

Тој одеднаш наидува на нешто тврдо и своеглаво.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Таа чекор по чекор ги освојува контурите на неговото скриено внатрешно лице.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Па така, кога тој одеднаш ја сврте главата и се најде лице в лице со неа, таа сè уште концентрирано го следеше ритамот на музиката по која се движеа.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
А под тие мисли во него застанат кај сите тие ненужни делови, злослутно стоеше скочанетоста на недовербата, така што тој одеднаш не можеше ни да остане повеќе тука.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А кога, по малку, тој одеднаш ќе изрипа, ќе се крене на нозе, сите се развеселуваат, сите грмнуваат на глас: „Оживеа Лоте, оживеа...” го прегрнуваат, го бацуваат и одново почнуваат да пијат за новиот живот на Лоте.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Отежнат, со темната Гора напред, заканувачкиот Град одзади, тој одеднаш слушна како ладната змија ползавица од грлото се изблува во смеа.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
По тоа Вадим потполно се смурти; лекарите му припишаа шизофренија; но тој одеднаш едноставно затапе за математика; тоа го беше притиснало како вошка; дури почна да плаче, се сеќаваше на своите „халуцинации“, се обидуваше да предложи нешто корисно, но испаѓаше немоќен, како некакво учениче.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Таа излезе од таму без дијагноза, формално здрава, но до крајот на својот живот постојано беше насмевната.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Но точно кога мислевме оти повеќе нема да се врати, тој одеднаш, сосема ненадејно, туку ќе се јавеше, како да изникнал од правта.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Потоа тој одеднаш пак стана строг и им нареди на своите морнари да се повлечат во кабините.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)