тој (зам.) - малку (прил.)

Тој малку се сепна, се изненади, но прифати и отиде кај неа.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
На одење тој малку чудно се држеше. Ми се чинеше - му е жал што си оди.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ако? - Ако, - се согласи тој малку збунето, но зарадувано дека ќе има ново име. Рече гласно: - Зоки Поки.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Тој малку почека сенката да се помести, но таа остана неподвижна, освен на рабовите каде што допираше сончевата светлина.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)