тој (зам.) - искрено (прил.)

За напомена е тоа што Јакшиќ не беше член на синдикат и не знаеше за своите права (како и каде да ги побара) – но денес, по сите нешта кои му се случија, а му влеаја храброст и сила, тој искрено ја промовира индивидуалната и колективна борба како единствен начин на заштита и остварување на работничките права, како и човековите права воопшто.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Таму, во Гери, во неговиот салон, жена ми се онесвести (и се спои горниот со долниот притисок по уморот од лутањето по големите градови) и тој искрено ме пожали и ми вети оти нема никому да каже.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Со најновиот позитивен развој на настаните, Јакшиќ се надева дека сега ќе се повтори граѓанската постапка 11 и дека овој пат правичноста конечно ќе победи, а тој ќе биде во состојба да ги подмири долговите кон своите роднини и пријатели кои ги создаде овие години за да го спаси видот на едното око, а и да добие средства за да може да отиде на операција за, со помош на трансплантација на рожница, да го поврати видот на окото и како порано да биде нормално способна личност.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
И не само мислење, нудеше сослушување, совети, рамо за плачење, пречекуваше, испраќаше клиенти, тешејќи ги дека сѐ ќе биде во ред, дека нема да биде залудно нивното барање што го доставиле, дека ќе се случи чудо и дека токму ним ќе им биде помогнато, дека не смеат да изгубат надеж во институциите на системот, дека тој искрено верува ... иако сѐ што му се плеткаше во главата, во моментите кога ги кажуваше овие сказни од земјата на заблудата, беше едно здушено „ееххх, кутри луѓе, штом животот не ви помогнал до сега ... но којзнае...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
„Сега ми е жал што воопшто ги чув тие гласини“, рече тој искрено.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)