тој (зам.) - суров (прид.)

Така постепено го достигнав тој суров стил што ми беше потребен за пренесување на моите согледувања кои тогаш беа диктирани од апсолутната омраза спрема луѓето.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Чудно било што и до тој суров Онисифор се допира набожноста на очајот, што едно од многуте пипала на тој очај се движи кон неговата загатливост, зашто само тој пред поаѓање не ја отпечатил крвта на својот палец и показалец во манастирското Евангелие и зашто само нему му рекла игуменијата Минадора дека ќе му суди под бочва некој калуѓер Кузман или Дамјан доколку му никне тртка на носот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Јас толку емотивна, а тој суров како вол.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Врие во себе, тој суров човек не се окривува себе, не ја окривува ни најмалку својата дрчост, а го окривува само Пискулиева, кога престана да го вика кај себе и веќе доста студено го поздравува.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Го заборавиле видовитиот Дмитар-Пејко и не виделе кога над него клекнал Онисифор Мечкојад, барајки му ја со смрзнатите прсти на левата рака жилата на челото, обајцата со исти зборови на усните како и другите - господи, не заборавај нѐ!
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)