тој (зам.) - сам (прид.)

Ја познава секоја стапалка шума и сето тоа го потсетува на неговото детство и среќните дни, кога таму ги пасеше овците, свиреше со кавалот и мечтаеше за својата идна среќа: како ќе се ожени, како своето прво синче ќе го води со себе да го запознае со пределите на шумата; како ќе му влее кураж да не се плаши од волците; како тоа ќе ги пасе овците и јагнињата, и најпосле, како и тоа ќе биде домаќин, како што е татко му Петко, и тој сам што ќе биде.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Влајко Лазев, Мало, Чолакот и Сребрин им советуваа на веачите да не брзаат, да остане мерењето за утре, за да можат ноќеска да спијат по некое и друго кило, ама Сулиман ага, и тој чивчија по занает со чифликот во Лагот, многу убаво ги знаеше сите марифети оти тој самиот им ги правеше на спаиите, па им даде зорт: довечера да биде мерено житото.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И оди тој И сега чекорот негов ги гази трњето патот на сонцето што го замрачува Пат од бигорот на осамата до осамата на зборот светот што го мисли и плоди И тие што чекаат среде гороцвеќе и птици Гласот му го препознаваат веќе што огрева во песната на неменливата радост Чекори и не се обѕира тој Сам да се биде и пак со сите истата ѕвезда на надежта што ги води По зорницата тој оди во несоницата на песната што наближува
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
61. Авторот има предвид една јасна и достатно разработена национална програма на македонското движење во минатото, зашто тој самиот на друго место наведува некои многу важни пројави на македонската национална мисла кај претходниците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тој сам и не се вика Петар, туку се вика: „јас“ Се ползува со неговото име само кога треба да се различи од многу други луѓе слични на него.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но имаше еден дел од секунда кога нивните очи се сретнаа и толку колку што траеше, Винстон знаеше - да, тој знаеше дека О'Брајан го мисли истото што и тој самиот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Како зачетници Тезауро ги споменува шпанските проповедници во Неапол, а тој самиот - а тоа го прифаќа и Бенедето Кроче - го познавал трактатот на Грасиан.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Најпосле Англичанецот, вадејќи ја лулата од устата, рече: - Никакви граници не може тој сам да одредува...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Таму во свеста се вкочанува времето на оној ден кога се оставил домот: со тој миг во сеќавањето непроменливи се луѓето што останале во селото, настаните врзани за нив и тој самиот меѓу тие луѓе и тие настани, божем из'ртел од себе и пошол да бара нешто што немал дотогаш.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Целата ноќ ја преседа тој сам, без солза да пушти.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Патрокле сеќава непријатност. Но се чини каушот е премногу издолжен и тој сам седи во далечина. И луѓето се мали и оттуѓени.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Симон, со време, залегнал во Долнец и, како што ми кажуваше Лена, тој самиот велел дека си разгазил свои патеки и дека, дури, немал потреба да среќава многу луѓе и дека, дури, чувствувал зазор од појавувањето на некого.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Беа сами. Беше и тој сам на своето дрво. И волкот беше сам под него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Или ќе престанеш еднаш да крадеш“, му рече еден ден на оној еден од нив, а можеби тоа му го рече тој самиот, но тоа беше безразлично, „или ќе си ја поскусиш раката со тоа твое левосување, или ќе му кажеме на Башмајсторон, да си знаеш“, додека се враќаа во приквечерината кон своите бараки.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Скот да бидам, јас едно време и богу и пред луѓето најлудо се молев, и денеска тоа го правам, - кога му се суди на еден човек колку е тоа можно слепо да не се гледа само на еден дел од неговиот живот, за што можеби тој самиот не сноси никаква вина.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Човековата врска со космосот, чија што прашинка е и тој самиот, е силна.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Партискиот секретар стануваше сѐ позагрижен поради овие барања, дури некој спомна на еден состанок, и оставка, а и тој самиот напати ќе си помислеше да си замине од функцијата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Па ни тој самиот не кажуваше како порано дека од мака го прави тоа.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)