тој (зам.) - виновен (прид.)

За сѐ е тој виновен.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Дајреџијата свиваше раменици, не смеејќи да ја погледне жена си в очи, како да беше тој виновен што порано не го отепале кралот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во првите денови некои од кучињата го гледаа душмански, непријателски како да им е тој виновен што се затворени овде, терајќи инает и 'ржејќи на него секогаш кога ќе го видеа каде што им носи храна или им го чисти изметот со лопатата или ги носи под тушот или во кадата на бањање, при што Богдан трепереше од страв да не го каснат; имаше и такви што беа кротки како јагниња, кои му се умилкуваа и го лижеа по рацете или му легнуваа да ги погали со раката, да си поиграат со него.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Кутриот Саше, каде ли е сега?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Но дали е тој виновен, беше следното прашање на кое застануваме како пред ѕид.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)